1. Воведни напомени

Драги претставници на граѓанските организации,

Ви пристапуваме со покана за учество во истражување за потребите на граѓанските организации. Прашалникот наменет за проценка на потребите го испраќаме до Вас бидејќи Вашите податоци се наведени за контакт во достапните бази за граѓански организации.
Истражувањето се спроведува во рамки на проектот Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите, за потребите на методологијата за прибирање на податоци кои имаат за цел да ја унапредат позицијата на граѓанските организации при работата на секторските работни групи.

Прашалникот содржи дваесетина прашања и неговата цел е да собере информации за Вашите искуства со учество и придонес во консултации во однос на јавните политики, како и во секторските работни групи за ИПА. За пополнување на прашалникот потребни се околу 15 минути.

Вашето учество во истражувањето е доброволно, а добиените податоци ќе бидат прикажани единствено на ниво на група, што ја гарантира Вашата анонимност.

За нас е од големо значење да го слушнеме Вашето мислење. Ви благодариме однапред за одвоеното време за пополнување на прашалникот, како и за Вашата поддршка.

За било какви прашања, слободно контактирајте нѐ на cso.dialogue@fosm.mk.

T